Достапни линкови

Тадиќ се предомисли, сака да биде премиер


Новоизбраниот претседател на Србија Томислав Николиќ денеска ќе се сретне со лидерот на Демократската партија Борис Тадиќ и ќе разговараат за формирање на новата влада. Една од првите должности на Николиќ е предлагање на мандатар кој ќе ја состави новата влада.
Предлог за мандатар на Демократската партија е Борис Тадиќ. По трочасовната седница на претседателството на партијата, Тадиќ изјави дека е подготвен да биде премиер, ако се прифатат целите и начините по кои треба да функционира новата влада.
Тој додаде дека не доаѓа предвид никаква коалиција со СНС на новиот претседател Драган Николиќ.
Тадиќ истака дека за коалиција во новата влада прво ќе разговара со Српската социјалистичка партија и оцени дека на новата влада и е потребен реален и остварлив план.
Тој на новинарското прашање зошто се предомисли по изјавата дека нема да биде премиер одговори дека во изминативе денови од сопартиците и граѓаните добил уверување дека не треба да се откаже од целите на партијата за подобро српско општетво и тоа е главната причина поради која одлучил да ја преземе таа должност, а тоа што го кажал ноќта на 20 мај во моментот го чуствувал и мислел дека нема „резервен план“.
Тадиќ најави дека новата влада треба да се фокусира на решавање на најголемите проблеми на Србија а тоа се сиромаштијата, невработеноста, нерешеното прашање за Косово и проблемот со организираниот криминал.
XS
SM
MD
LG