Достапни линкови

Меѓупартиски предизборни препукувања


Инвестициите во изградба на патишта и на гасоводна мрежа во земјата ќе бидат приоритет на СДСМ, најави потпретседателот на опозициската партија Зоран Јовановски. Toj како важни проекти ги спомена изградбата на автопат Велес - Штип - Струмица, како и воведувањето на гас во секоја општина каде опозицијата ќе ја освои власта. „Наспроти ова, во последните шест години, сведоци сме дека власта на ВМРО – ДПМНЕ целосно ги запостави инвестициите во инфраструктурата. Се градеше по само еден километар автопат годишно. Вкупно - мизерни седум километри за шест години“ рече Јовановски.

„СДСМ има нова тактика која има за цел да прикаже дека работите кои што оставија длабока трага врз животите на граѓаните всушност и не се случиле“, изјави Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ во одговор на прес-конференцијата на опозицијата. „ СДСМ сака два милиони живи луѓе, со свест и разум да ги убеди дека она што го гледале, не го гледале, она што го слушале, не го слушале. Кога ги бркале од работа не ги бркале, кога на пензионерите им земаа 8%, не им земаа, кога се случи ТАТ, не се случи, кога го сменија името и знамето, не го сменија“ изјави Јакимовска
XS
SM
MD
LG