Достапни линкови

Сиријската влада обвинува терористи за масакрот


од нападите во Хоула

од нападите во Хоула

Сиријската влада ја одбива одговорноста за убивањето на 92 лица меѓу кои 32 деца во градот Хоула, инцидент кој предизвика остри меѓународни реакции. Портпаролот на Сиријското министерство за надворешни работи Јихад ал Макдиси обвини терористи за настанот и најави истрага на официјален Дамаск. На набљудувачите од Обединетите нации им беше забрането да влезат во населеното место во саботата додека припадници на сиријската војска го гранатираа градот. Западните влади го сметаат инцидентот за масакар. Нови напади на про-владините сили се во тек денеска, покрај повиците од Обединетите нации за прекин на насилствата.
XS
SM
MD
LG