Достапни линкови

Иран ќе гради нова нуклеарна централа


Иранската државна телевизија јави дека Исламската република планира изградба на нова нуклеарна централа до почетокот на 2014 година, покрај за сега единствената централа лоцирана во градот Бушер. Медиумот ја пренесува изјавата на првиот човек на иранската Агенција за Атомска енергија Ферејдон Абаси Давани кој рекол дека нуклеарната централа ќе се гради во текот на иранската календарска година од март 2013 до март 2014 година. Највата се случува пред новата рунда разговори меѓу Иран и претставници на шестте светски сили за нуклеарната програма на официјален Техеран закажани во Москва на 18 и 19 јуни.
XS
SM
MD
LG