Достапни линкови

Египетските претседателски кандидати лобираат за подршка


Кандидатите кои добија најголем број гласови во првиот круг на претседателските избори во Египет денеска лобираат за подршка од политичките партии во земјата. Неофицијалните резултати покажуваат дека најголем број гласови освоиле Мохамед Мусри од Муслиманското братство и Ахмед Шафик, последниот премиер од владиниот состав на чело со екс-претседателот Хосни Мубарак. Се проценува дека Мусри освоил 25,3 отсто од гласовите додека неговиот противкандидат Шафик има 24,9 отсто.
XS
SM
MD
LG