Достапни линкови

logo-print

Нови напади на сиријската армија по масакрот во Хоула


Фотографија од жртвите во Хоула дистрибуирана од сиријските бунтовници

Фотографија од жртвите во Хоула дистрибуирана од сиријските бунтовници

Сиријската армија почна нови бомбардирања на населените места под контрола на бунтовниците и покрај острите меѓународни реакции за владината офанзива во која загинаа 92 лица, меѓу кои и 32 деца во градот Хоула. Ирачките безбедносни сили се на итна подготвеност по инцидентите близу сиријската граница. Арапските и западните влади го опишуваат нападот во Хоула како масакар. Генералниот секретар на Обединетите нации и специјалниот пратеник на светската организација апелираа до сиријските про-владини сили да ги прекинат нападите со тешка артилерија и да престанат со насилството.
XS
SM
MD
LG