Достапни линкови

Иран не гледа причина да го прекине збогатувањето на ураниум


од последниот состанок меѓу претставниците на шестте светски сили и делегацијата на Иран - Багдад 23 мај

од последниот состанок меѓу претставниците на шестте светски сили и делегацијата на Иран - Багдад 23 мај

Шефот на иранската Агенција за атомска енергија вели дека нема причина Техеран да престане со збогатување на ураниум на ниво од 20 проценти, што претставува клучно барање на светските сили во преговорите со Исламската република. Ферејдон Абаси Давани вели дека Иран произведува „ни помалку ни повеќе туку само 20 отсто збогатен ураниум“ кој е потребен за гориво. Неговата изјава следи по објавувањето на извештај на Обединетите нации во кој е наведено дека Иран употребува ураниум збогатен на повисоко ниво од очекуваните 20 отсто. Инаку, западните земји стравуваат дека со нуклеарната програма на официјален Техеран може да се произведе оружје.
XS
SM
MD
LG