Достапни линкови

Осуммина загинати во Авганистан, тврдат локалните власти


Afghanistan -- Paktika map, 09Jan2012

Afghanistan -- Paktika map, 09Jan2012

Авганистанските власти тврдат дека осумчлено семејство загинало во воздушен напад на силите на НАТО во источниот дел на земјата. Портпарол на властите во провинцијата Пактика вели дека инцидентот се случил вчеравечер. Од Алијансата велат дека се информирани за тврдењата на локалните власти и дека истрагата е во тек. Од Обединетите нации проценуваат дека талибанските милитанти или приврзаници на терористичката Ал Каеда се одговорни за повеќето случаи на цивилни жртви во земјата.
XS
SM
MD
LG