Достапни линкови

ООН бара да не се употребува тешка артилерија во Сирија


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун и специјалниот пратеник на светската организација Кофи Анан ја повикаа сиријската влада да престане со употреба на тешка артилерија и насилство по смртта на 90 цивили во градот Хоула. Грозоморно видео на кое се гледа како гинат деца во артлериски напад на сиријските владини сили предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Набљудувачите на Обединетите нации велат дека 32 деца загинале во нападот. Официјален Вашингтон соопшти дека инцидентот е сведоштво за нелегитимноста на режимот. Британија побара силен меѓународен одговор додека Франција најави состанок на групата „Пријатели на Сирија“.
XS
SM
MD
LG