Достапни линкови

logo-print

Партиска викенд доза-Кој е виновен за приватизација?


Амблемите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Амблемите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Опозициската СДСМ денеска оддржа протест пред седиштето на ОКТА, а како причина го наведе неприфаќањето на уставните измени поврзани со приватизацијата од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Според нив ОКТА е совршен пример на криминална приватизација, затоа што, како што велат, конечната сума за продажбата се уште никој не ја знае иако тогаш било најавено дека станува збор за симболична сума поради стратегиските интереси на Македонија. На ова реагираше владеачката ВМРО-ДПМНЕ која смета дека СДСМ очајнички се обидува да создаде какво било алиби и да ја оттргне одговорноста на Бранко Црвенковски од мрачната и криминална приватизацијата. Младите треба да знаат дека приватизацијата ја спроведоа Јане Миљоски, Таки Фити, Јорго Шундовски, познати денешни членови на советите на СДСМ, се вели во реакцијата.
XS
SM
MD
LG