Достапни линкови

logo-print

Ослободен дописникот на Гласот на Америка


Дописникот на Гласот на Америка и неговиот преведувач денеска се ослободени од притвор во Етиопија. Тие беа уапсени во петокот, во главниот град Адис Абеба, од каде што известувале за анти-владините протести. Во соопштението на медиумот е наведено дека новинарот Питер Хајлен и неговиот преведувач Јекол Симегинех се во добра здравствена состојба и дека се вратени дома. Тие биле уапсени додека се обидувале да интервјуираат членови на муслиманското малцинство во Етиопија кое протестира против, како што тврдат, владиното мешање во нивните работи. Полицијата соопшти дека двајцата биле приведени поради тоа што немале документи за идентификација.
XS
SM
MD
LG