Достапни линкови

logo-print

Путин преку Николиќ го поздрави Тадиќ


Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска во Москва дека новоизбраниот српски претседател Томислав Николиќ дека може да се потпре на руската поддршка во реализацијата на својата политика, пренесува РТС. При нивната средба во Москва двајцата претседатели истакнале дека соработката помеѓу Србија и Русија ќе се одвива прогресивно, Николиќ изјавил дека Србија и е на Русија партнер на Балканот и дека ќе ја уредуваат државата според правилата кои постојат во ЕУ, иако патот до членство во ЕУ е далечен и неизвесен пат. Тој му ветил на Путин дека Србија нема да биде дел од НАТО, и дека никогаш нема да направи отстапки во однос на Косово. Николиќ додал дека досега не слушнал оти постои услов за признавање на Косово и Метохија но и доколку има такво нешто тоа нема да го стори па макар и ги прекине преговорите.
Путин му ја честитал победата и го замолил Николиќ да го поздрави Борис Тадиќ кога ќе се врати во Србија.
XS
SM
MD
LG