Достапни линкови

Лагард:Позагрижена сум за африканските деца отколку за Грците


Директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард изјави
дека повеќе е загрижена за децата во Африка отколку за судбината на Грција. Лагард во интервју за британски „Гардијан“ објснува дека е позагрижена за „малите дечиња во училиште во мало село во Нигерија, кои имаат настава само два часа во денот, делејќи една столица меѓу три деца затоа што тие имаат потреба од поголема помош отколку луѓето во Атина“.
Таа во интервју истакна дека Грците би требало да колективно да си помагаат, со тоа што ќе плаќаат данок.
Лагард додава дека ММФ нема намера да ги ублажи барањата за штедење кои и се наметнати на Грција како услов за добивање на финансиска помош.
XS
SM
MD
LG