Достапни линкови

logo-print

Бериша: Ќе почекаме да ја видиме политиката на Николиќ


Тирана е подготвена за соработка со Белград, но треба да почекаме и да видиме каква политика ќе води новоизбраниот српски претседател Томислав Николиќ изјави денеска во Будва албанскиот премиер Сали Бериша. Тој додаде дека треба да се почека и да се види дали Николиќ ќе работи на регионалниот развој и европските интеграции, што според него е во најдобар интерес на Србија.
Бериша заедно со политичари од регионот и САД учествува на неформалниот собир во Будва, организиран од црногорските власти.
Поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ, кој исто така учествува на собирот во Будва, оцени дека очекува од Николиќ да продолжи да ја води Србија по патот на европските интеграции.
Црногорскиот премиер Игор Лукшиќ, кој е домаќин на собирот во Будва, изјави дека соработката меѓу државите од регионот е клучен услов за нивно интегрирање во ЕУ. Тој додаде дека „разликите во регионот не се негов недостаток, туку негова предност.
XS
SM
MD
LG