Достапни линкови

logo-print

Авганистанскиот парламент го одобри стратегискиот договор со САД


Кабул, Парламентот на Авганистан

Кабул, Парламентот на Авганистан

Авганистанскиот парламент денеска го одобри стратегискиот пакт со Соединетите Држави, со кој се овозможува американско присуство во земјата и по заминувањето на странските воени сили во 2014-та година. Од околу 200 присутни авганистански пратеници, само 4-ца биле против, изјави еден пратеник во Кабул. Договорот го склучија американскиот претседател Барак Обама и авганситанскиот Хамид Карзаи, на 2-ри мај во Кабул, а со него се дефинира долгорочната американска улога во Авганистан.
XS
SM
MD
LG