Фокус - Груевци преговараат најмалку за меѓународното име, а истовремено шират бајки за нивната непопустливост
Неделниот Фокус, во уводникот, во манир на стихови од некоја народна песна, пишува: „Ем кај душмани во НАТО оди, ем за патриот се води!?“. Поентата е дека премиерот ем се декларира дека сака да ја внесе земјава во НАТО, ем ја прогласува за злосторничка организација.
„Во нормална земја, опозицијата веднаш би побарала негова оставка, оти никој нема право да ја носи државата на тацна пред душманите. Но нашата опозиција сака да внесе разум во однапред загубена битка. И после се чуди, зошто се' уште никој не ја знае неговата прецизна позиција во однос на името, а народот сепак го доживува како негов најголем бранител!“, пишува Фокус.
Во уводникот се пласира теза дека жестоките зборови на Груевски против НАТО се всушност завеса за, од горливите зборови, народот да не го види пазарењето зад сцената за името. По тоа прашање нема суштинска разлика помеѓу власта и опозицијата. Обете се за компромис, само што власта инсистира на неменување на уставното име, па создава посакувана забуна, чиниш, не отстапува од него за сите употреби. Фокус смета дека, најпосле, ќе стане јасно дека и Груевци преговараат најмалку за меѓународното име, а истовремено шират бајки за нивната непопустливост. На здравје! - порачува Фокус.
Глобус - Имаме план Б. Ние ќе бидеме - кинеска провинција
Иронично, со вкус на горчливо подбивање во една од редовните колумни во он-лајн магазинот Глобус, која исто така се осврнува на однесувањето на првите луѓе на државава околу Самитот во Чикаго, авторот на Ѕвездариум забележува: Ние, по ниедна цена нема да дозволиме да бидеме европска, а уште помалку НАТО-провинција. Ние имаме план Б. Ние ќе бидеме - кинеска провинција. Претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ се обиде да не' направи тајванска провинција, ама со оглед дека Тајван не произведува двокатни автобуси, оваа симбиоза мораше да пропадне. Конечно, кинеските искуства можат и тоа колку да бидат корисни за нас. На пример, да не' научат како се гради Кинески ѕид. Таква една инвестиција ем ќе обезбеди работа за сите овдешни невработени во наредните два века, ем политички ќе ги изолираме и Европа и НАТО, со што ќе им зададеме конечен удар на овие преживеани политички форми, иронизира Глобус.
Капитал - Имаме ли план за спас на економијата?
„Имаме ли план за спас на економијата?“ загрижено прашува Капитал во неделниот уводник, тргнувајќи од најновата, најпесимистичка досега прогноза на реномираната Стандард и Пурс за раст на македонската економија од само 1,5% годинава. Сите земји веќе многу гласно зборуваат за структурни реформи и за развој на приватниот сектор, пишува Капитал. За што,нормално, се потребни и пари, а многу европски и земји во регионот за да ги обезбедат се задолжија во странство со поволни кредити, ги зголемија даноците и ги скратија непотребните трошоци, почнаа отворена и решителна борба со монополите и картелите кои ја гушат економијата и ги олеснија законите за вработување и отпуштање. Во Македонија никој не зборува за ова и имаме ли како држава план како ќе ја спасиме економијата и како ќе отвориме нови работни места? - прашува Капитал.
Неделниот Фокус, во уводникот, во манир на стихови од некоја народна песна, пишува: „Ем кај душмани во НАТО оди, ем за патриот се води!?“. Поентата е дека премиерот ем се декларира дека сака да ја внесе земјава во НАТО, ем ја прогласува за злосторничка организација.
Во нормална земја, опозицијата веднаш би побарала негова оставка, оти никој нема право да ја носи државата на тацна пред душманите. Но нашата опозиција сака да внесе разум во однапред загубена битка. И после се чуди, зошто се' уште никој не ја знае неговата прецизна позиција во однос на името, а народот сепак го доживува како негов најголем бранител!Фокус.
Во уводникот се пласира теза дека жестоките зборови на Груевски против НАТО се всушност завеса за, од горливите зборови, народот да не го види пазарењето зад сцената за името. По тоа прашање нема суштинска разлика помеѓу власта и опозицијата. Обете се за компромис, само што власта инсистира на неменување на уставното име, па создава посакувана забуна, чиниш, не отстапува од него за сите употреби. Фокус смета дека, најпосле, ќе стане јасно дека и Груевци преговараат најмалку за меѓународното име, а истовремено шират бајки за нивната непопустливост. На здравје! - порачува Фокус.
Глобус - Имаме план Б. Ние ќе бидеме - кинеска провинција
Ние, по ниедна цена нема да дозволиме да бидеме европска, а уште помалку НАТО-провинција. Ние имаме план Б. Ние ќе бидеме - кинеска провинција. Претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ се обиде да не' направи тајванска провинција, ама со оглед дека Тајван не произведува двокатни автобуси, оваа симбиоза мораше да пропадне. Конечно, кинеските искуства можат и тоа колку да бидат корисни за нас. На пример, да не' научат како се гради Кинески ѕид.Глобус.