Достапни линкови

Тајм - Меркел има „таен“ план за Грција


Германскиот канцелар Ангела Меркел има „тајно изработен план“ за спас на Грција од должничката криза и евентуален банкрот, пишува лондонски „Тајмс“.
Како што јави МИА од Лондон, весникот тврди дека планот на Меркел има шест точки и дека е правен по углед на планот на Германците од пред 20 години за трансформација и модернизација на поранешна Источна Германија по обединувањето на двете Германии.
Изминатите дваесет годни сите Германци плаќаа посебен данок, чии средства беа наменети само за обновата на банкротираната источногерманска држава, која пропадна по уривањето на Берлинскиот ѕид.
Откритието на „Тајмс“ за германскиот „таен план“ доаѓа по цела низа контроверзни и спротивставени тврдења и „експертизи“ на разни економски и финански аналитичари за тоа дали е подобро Грција да се спасува за да остане во еврозоната или да се остави да банкротира и да и се врати на својата стара валута драхмата.
XS
SM
MD
LG