Достапни линкови

logo-print

Уапсен Моше Харел баран за нелегална трговија на органи на Косово


Осомничен за организирање на трговијата со човечки органи Моше Харел , по кого трага косовската полиција, е уапсен е во Израел, изјави специјалниот обвинител на Мисијата на Европската унија во Косово, Џонатан Рател.
За ова се очекува потврда од израелските власти.
Харел во 2008 година беше уапсен во Приштина, но беше ослободен при што го напушти Косово. Потоа косовските власти распишаа меѓународна потерница.
Според обвинителниот акт од 2008 година во приштинската клиника биле извршени најмалку 30 незаконски трансплантации на бурези. Донаторите биле од источноевропските и централноазиски земји до ветување дека ќе им платат по 15.000 евра. Во обвинението Харел се посочува како „мозок“ на мрежата.
Покрај Харел, за незаконска трговија со човечки органи обвинети се уште седум луѓе, меѓу кои и поранешен службеник од косовоското Министерство за здравство Илир Рецај и познатиот приштински урогол Љутфи Дервиши. Третиот обвинет е турскиот лекар Јусуф Сонмез, обвинет дека вршел нелегални операции. Против него е подигнато обвинение во Турција.
XS
SM
MD
LG