Достапни линкови

Излегувањето на Грција од еврозоната ќе ја дестабилизира светската економија


Germany/Greece -- Greek euro coins - generic, Cologne, 21May2012

Germany/Greece -- Greek euro coins - generic, Cologne, 21May2012

Директорот на Институтот за меѓународни финансии Чарлс Далара предупреди денеска дека глобалната економија ќе биде силно засегната, ако Грција излезе од еврозоната.
Шефот на банката, која од името на приватните кредитори преговара за отпишување на дел од грчкиот долг, настојува исто така ЕУ да создаде систем за гарантирање на депозитите на штедачите.
Далара предложи да биде продолжен рокот, до кој земјите-членки на еврозоната, кои имаат проблеми со долговите ќе ги доведат до ред државните финансии. Тоа, според него, ќе им даде можност да преземат мерки за стимулирање на економскиот раст, што ќе го олесни заздравувањето на финансиската состојба на земјата.
XS
SM
MD
LG