Достапни линкови

Груевски: Црвенковски ги внесе идентитетските прашања во разговорите со Грција


Премиерот Никола Груевски денеска изјави дека ставот на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски оти се залага за решение за името кое нема да задира во идентитетот е лицемерен затоа што тој во 2005 година прифатил предлог даден од медијаторот Метју Нимиц со кој беше доведен во прашање идентитетот, а исто така знае и дека Грција веќе подолг период е забетонирана на сопствените позиции што го засегаат и идентитетот.
- „Истиот тој Црвенковски во 2005 година кога беше даден еден предлог од Метју Нимиц со кој што беше доведен во прашање идентитетот тој го прифати. Јас тогаш се спротивставив и јавно го кажав тоа. Има снимки за тоа дека единствено ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека предлогот е проблематичен во однос на идентитетот, во однос на македонскиот јазик. Но, СДСМ го прогласи за дотогаш најдобар предлог и го прифати и имавме жесток напад зошто ние не го прифативме најдобриот можен предлог што ни бил даден дотогаш. Така што на тој начин ја начна и ја загрози позицијата на Македонија што јавно прифатија еден прилично проблематичен предлог во однос на идентитет.„
Сега во улога на претседател на СДСМ, вели Груевски, како опозиција настапува прилично лицемерно кажувајќи го ова кога самиот тој пред шест, седум години прифати нешто што беше проблематично за идентитетот, изјави премиерот Никола Груевски.
XS
SM
MD
LG