Достапни линкови

Австриска поддршка за македонските евроинтеграции


Претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Скопје ја прими Барбара Прамер, претседател на Националниот совет на Австрија. На средбата, како што соопшти Кабинетот на Претседателот, заеднички била констатирана позитивна динамика во развојот на севкупните билатерални односи. Претседателот Иванов изјави дека Македонија ќе продолжи динамично да работи на целосно достигнување на европските стандарди и нема да отстапи од конструктивен пристап во разговорите за името. Барбара Прамер ја потврди австриската поддршка за македонските евроинтеграции и истакна дека е потребно спорот за името да се разграничи од интеграцијата во ЕУ и изрази надеж дека Македонија и Грција што поскоро ќе успеат да изнајдат заеднички прифатливо решение.
XS
SM
MD
LG