Достапни линкови

logo-print

Полицијата, судството и медиумите - болни точки на Македонија


Илустрација: Основен суд 1 во Скопје.

Илустрација: Основен суд 1 во Скопје.

Полицијата, судството и медиумите повторно се дел од забелешките на Амнести интернејшнал и на Стејт департментот за човековите права во Македонија.

Токму како што пишуваше минатата година, полицијата, судството и медиумите уште еднаш се дел од забелешките на Амнести и Стејт Департментот во делот на човековите права. Стејт Департментот во последниот извештај забележува дека македонската влада лани не успеала во целост да го одржи владеењето на правото. Институциите засега не кажаа ништо. Со едни такви сериозни забелешки треба да очекуваме вжештени дебати за тоа кој е виновен за мешањето на власта во медиумите и судството, реагира Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет.
Очигледен е притисокот којшто го врши на некој начин власта во случаите кои имаат политичка заднина особено, со своите изјави кои се даваат уште пред да почне судењето, уште пред судот да донесе било каква одлука, му кажуваат на судот како треба да одлучи.

„Треба и одредени реформи коишто се предвидени да се спроведуваат, побрзо да се спроведат, бидејќи на тој начин некои од проблемите би се надминале, но тоа се одложува. Потребна е дебата, но потребно е да биде вклучен и невладиниот сектор, затоа што треба да се чујат мислењата и на другите во оваа држава“, изјави Пировска.
На Македонија и се забележува за намалување на слободата на говор.

На Македонија и се забележува за намалување на слободата на говор.


Во документот на Стејт Демапартментот се наведува дека владата е виновна за мешање во судството и медиумите, селективно кривично гонење на политички противници на лидерите во земјата и значајни нивоа на владина корупција и неказнетост на полицијата. Многумина од опозицијата веднаш ја обвинија власта.
Мене ми е жал што овие извештаи за Македонија се повеќе наликуваат на извештаите за некоја африканска или средноазиска земја, отколку на држава што претендира да стане членка на ЕУ.

„Република Македонија, а тука е пред се власта во Република Македонија, доби две шлаканици во еден ден, и од Амнести интернејшнал и од Стејт департментот каде што се констатира од релевантни меѓународни организации узурпација на човековите права, непроцесуирање на криминални случаи, зголемени меѓуетнички тензии, сето она што се наведува во извештаите“, изјави Гордан Георгиев од СДСМ.

Како области за кои и понатаму постои загриженсот редовно се споменува судството. И Амнести ја опишува Македонија како земја каде има загрижувачка состојба во делот на владеењето на правото.

„Очигледен е притисокот којшто го врши на некој начин власта во случаите кои имаат политичка заднина особено, со своите изјави кои се даваат уште пред да почне судењето, уште пред судот да донесе било каква одлука, му кажуваат на судот како треба да одлучи“, изјави Пировска.

„И мене ми е жал што овие извештаи за Македонија се повеќе наликуваат на извештаите за некоја африканска или средноазиска земја, отколку на држава што претендира да стане членка на ЕУ“, вели Гоергиев.

Во извештајот на Стејт департментот се забележуваат и тензиите меѓу Македонците и Албанците, како и дискриминација на Ромите и други етнички и религиозни заедници.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG