Достапни линкови

Украина: Пратениците се степаа ама не сакаат распуштање на Парламентот


Володимир Литвин

Володимир Литвин

Украинските пратеници го отфрлија повикот на спикерот на парламентот за распуштање на законодавниот дом и одржување предвремени избори по вчерашното насилство. Володимир Литвин изјави дека парламентаризмот во Украина е во длабока криза. Сепак неговиот повик не доби широка поддршка. Тепачка меѓу пратениците избувна за време на расправата за законот со кој би била дозволена официјална употребата на рускиот јазик какао втор по украинскиот во регионите каде што овој јазик е во мнозинска употреба. Во тепачката учествувале пратеници на прозападната опозиција која сака да ја извади Украина од руската сенка и оние на партијата на претседателот Виктор Јанукович, која има поддршка во деловите на земјата каде што се зборува руски. Пред парламентот вчера и денеска има протести на кои се бара повлекување на овој закон.
Украина е длабоко поделена меѓу своите региони во јужниот и источниот дел, каде што се зборува рускиот и во западниот дел каде што доминира украинскиот јазик.

XS
SM
MD
LG