Достапни линкови

Осум партии ќе влезат во грчкиот парламент по изборите на 17 јуни


По парламентарните избори на 17 јуни во новиот грчки парламент ќе влезат осум партии, а радикалната левица СИРИЗА ќе биде прва политичка сила во земјата со освоени 30 проценти од гласовите, покажуваат резултатите од истражувањето на агенцијата „Паблик ишју“, направено за радио Скај и весникот „Катимерини“.
На второ место е Нова демократија со 26 проценти од гласовите, а следна е ПАСОК со 15,5 проценти. Потоа следат Независни Грци со 8 проценти, Демократска левица со 6,5 проценти, Комунистичката партија со 5 проценти и Златна зора со 4 проценти од гласовите.
Околу 85 проценти од анкетираните Грци изразиле поддршка за еврото.
Коалициска влада сакаат 54 проценти од испитаниците, додека 26 се залагаат за самостојна еднопартиска влада.
Според други анкети мала предност има Нова демократија пред СИРИЗА. Според нив Нова демократија има поддршка од 23,5 проценти од гласачите, додека СИРИЗА 23 проценти. По нив следат ПАСОК со 10,6 проценти, .
XS
SM
MD
LG