Достапни линкови

Оланд - повлекувањето од Авганистан ќе се координира со НАТО


Новиот француски претседател Франсоа Оланд изутрината допатува во ненајавена посета на Авганистан, каде што се сретна со француските војници.
Оланд кој неодамна стана Претседател на Франција ја повлекува главнината од 3350 - те француските војници од Авганистан до крајот на оваа година односно две години пред предвидениот план на НАТО.
Тој на средбата со војниците во Каписа изјави дека повлукувањето ќе биде координирано со НАТО и со Претседателот на САД Барак Обама.
XS
SM
MD
LG