Достапни линкови

Излегувањето на Грција од еврозоната ќе предизвика верижна реакција


Излегувањето на Грција од еврозоната ќе предизвика верижна реакција на несигурност, која ќе биде силно почувствувана во британскиот банкарски сектор, изјави синоќа британскиот вицепремиер Ник Клег.
Во интервју за Би-Би-Си, Клег предупреди дека излегувањето на Грција нема да ги реши проблемите во еврозоната и ќе предизвика поголема нестабилност во цела Европа и светот.
Според британскиот вицепремиер, кога економиите се слаби, како што е сега, никој што размислува рационално не би сакал дополнителна нестабилност.
.
XS
SM
MD
LG