Достапни линкови

Калиопи се пласира во финалето на Евросонг


Македонската пејачка Калиопи се пласира во финалето на изборот на Песна на Евровизија, што се одржува во главниот град на Азербејџан, Баку. Таа настапи во синоќешното полуфинале со песната „Црно и Бело„ и според гласовите на публиката во 18-те земји учеснички, се најде во финалето заедно со претставниците од Литванија, БиХ, Србија, Украина, Шведска, Норвешка, Естонија, Малта и Турција.
Во финалето, што на програмата е в сабота, ќе учествуваат претставниците на 26 земји.
XS
SM
MD
LG