Достапни линкови

Меркел ја прифатила потребата од мерки за економски раст


Ангела Меркел

Ангела Меркел

Лидерот на германската опозиција Сигмар Габриел изјави дека канцеларката Ангела Меркел ја прифатила потребата- на постојниот европски договор за заострување на финансиската дисциплина да му се додадат и мерки со кои се промовира економскиот раст. Меркел вчера имаше средба со лидерите на парламентарните партии, затоа што за усвојување на фискалниот пакт се потребни гласовите од две третини од пратениците.
Социјалдемократите на Габриел настапија со ставот дека ќе гласаат за тој пакт само ако бидат усвоени амандманите за мерките за економски раст.
Следната средба на парламентарните партии е закажана за 13 јуни.
XS
SM
MD
LG