Достапни линкови

Ван Ромпуј во посета на Словенија


Херман Ван Ромпуј

Херман Ван Ромпуј

Претседателот на Европскиот Совет Херман Ван Ромпуј денеска ќе ја посети Словенија, каде што ќе се сретне со претседателот на земјата Данило Тирк и со премиерот Јанез Јанша. Главна тема на разговорите ќе биде финансиската и економската ситуација во еврозоната, а ќе стане збор и за подготовката на европската стратегија за раст и инвестиции, среднорочната финансиска перспектива на ЕУ за периодот 2014- 2020 година, како и за други прашања.
Ромпуј за време на посетата ќе има обраќање во словенечкиот парламент.
XS
SM
MD
LG