Достапни линкови

Оланд во ненајавена посета на Авганистан


Франсоа Оланд

Франсоа Оланд

Новиот француски претседател Франсоа Оланд изутринава допатува во ненајавена посета на Авганистан, каде што ќе се сретне со француските војници во таа земја. Се очекува посетата на Оланд на Кабул да трае само неколку часа, која тој ќе ја искористи да им објасни на трупите зошто донесол одлука за нивно повлекување од Авганистан пред предвидениот рок.
Во моментов во Авганистан има 3 илјади и 350 француски војници.
XS
SM
MD
LG