Достапни линкови

Комитет на Сенатот на САД предлага кратење на помошта за Пакистан


Членовите на Комитетот за издвојувања на американскиот Сенат реагираа на затворската казна на пакистанскиот доктор Шакил Африди, кој им помогна на САД во апсењето на Осама Бин Ладен, со кратење на 33 милиони долари од помошта за Пакистан- по еден милион за секоја година од казната на докторот.
Африди спроведуваше програма за вакцинација во пакистанскиот град Аботабад кога и помогна на ЦИА да го утврди присуството на Бин Ладен во тој град. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека нема основа за затворањето на Африди, додавајќи оти неговиот третман е неправеден и неоправдан.
XS
SM
MD
LG