Достапни линкови

logo-print

Тепачка во парламентот на Украина


Во украинскиот парламент вчера настана тепачка меѓу пратениците за време на расправата за законот со кој би била дозволена употребата на рускиот јазик во судовите, болниците и други јавни институции кои се наоѓаат во регионите каде што се зборува овој јазик. Во тепачката учествувале пратеници на прозападната опозиција која сака да ја извади Украина од руската сенка и оние на партијата на претседателот Виктор Јанукович, која има поддршка во деловите на земјата каде што се зборува руски.
Украина е длабоко поделена меѓу своите региони во јужниот и источниот дел, каде што се зборува рускиот и во западниот дел каде што доминира украинскиот јазик.
XS
SM
MD
LG