Достапни линкови

Стејт департмент: промените добри, но може да креираат нестабилност


Американскиот Стејт департмент во новиот извештај ги нарече минатогодишните случувања на Блискиот Исток и во Северна Африка инспиративни, во кои народите на овие земји се побунија барајќи ги своите универзални права, поголеми економски можности и учество во политичката иднина на нивните земји. Меѓутоа во извештајот за човековите права во 2011 година се предупредува дека промените често креираат нестабилност пред да доведат до поголемо почитување на демократијата и човековите права. Во документот се вели и дека и натаму е многу лоша состојбата со човековите права во повеќето од земјите кои беа спомнати и во претходните извештаи, вклучувајќи ги Иран, Туркменистан, Узбекистан и Белорусија.
XS
SM
MD
LG