Достапни линкови

Шпанија не сака да победи на Евровизија


Азербејџан: Победниците од првата полуфинална вечер

Азербејџан: Победниците од првата полуфинална вечер

Директорите на шпанската државна телевизија побараа претставникот на земјата на изборот за песна на Евровизија да не победи годинава бидејки немаат пари за организирање на настанот догодина. Согласно правилата на изборот, победникот е должен да биде домаќин на манифестацијата следната година. Пастора Солер ќе ја претставува Шпанија во сабота со изведба на персната „Остани со мене“. Таа изјави дека кога се сретнала со директорите на шпанскиот јавен радиодифузен сервис, помислила дека препораката да не победи на изборот била шега. Инаку, шпанската конзервативна влада ги намали буџетските расходи со цел да се справи со високиот дефицит во земјата.
XS
SM
MD
LG