Достапни линкови

ВМРО - ДПМНЕ реагира на изјавата на Црвенковски за името


Колку Бранко Црвенковски се грижи за македонскиот идентитет покажа пред околу 17 години кога уставното име Република Македонија во неговата меѓународна употреба го смени со т.н. привремена референца ПЈРМ, која, наместо како што тој велеше дека ќе трае два месеца, трае веќе 20 години, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на претседателот на СДСМ во Охрид. „Кога вели дека се грижи за идентитетот немаме никаква основа да му веруваме на овој човек и поради уште еден факт. Тоа е дека цели 20 години во Македонија не беше изграден ниту еден симбол или паметник на македонската државност и идентитет. И не само тоа, туку генерално не остави ниту еден крупен проект зад себе“ стои во соопштението.
XS
SM
MD
LG