Достапни линкови

Дискусија за предлог-законот за лични информации во Казахстан


Казахстанскиот парламент започна расправа за конроверзен предлог – закон кој овозможува прибирање на детални и доверливи информации за приватните животи на жителите. Под работен наслов „Лични информации“ предлогот предизвика загриженост за заштита на приватноста. На властите им се дозволува прибирање на ифнормации за брачниот статус, имотна состојба како и биометриски информации како отисоци од прсти и ретинални скенови. Критичарите забележуваат дека предлогот се коси со уставот на земјата кој на жителите им ја гарантира приватноста.
XS
SM
MD
LG