Достапни линкови

Европскиот парламент бара независна истрага за Тимошенко


Европскот парламент ги повика украинските власти да формираат независна комисија која ќе го преиспита случајот против екс-премиерката Јулија Тимошенко, која отслужува седумгодишна затворска казна поради наводна злоупотреба на службената должност. Со резолуцијата која ја подржаа сите претставници на поголемите политички партии во парламентот се бара од Украина да гарантира непристрасност и транспарентност на процесирањето на жалбата на Тимошенко. Се бараат и гаранции дека за обезбедување на медицинска помош, како за екс-премиерот, така и за поранешните министри за внатрешни работи и одбрана, кои исто така отслужуваат затворски казни.
XS
SM
MD
LG