Достапни линкови

Црвенковски: Спорот со името не може да се реши со импровизации


Спорот со Грција за името е премногу важен, можеби најважен проблем што го имаме бидејќи ни ја блокира евроатлантската иднина, но и предизвикува други тешкотии внатре во земјата, изјави лидерот на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски. „ Тој спор не може да се реши со импровизации и со лицитирања на прес-конференции од кого било. Тој процес единствено може да се води организирано од оние што го имаат легитимететот да ја водат државата, а тие доколку имаат потреба да побараат поддршка од опозицијата, ние сме тука“ рече Црвенковски
XS
SM
MD
LG