Достапни линкови

Николиќ ќе се сретне со Путин во Москва


Томислав Николиќ

Томислав Николиќ

Новоизбраниот српски претседател Томислав Николиќ ќе отпатува во Русија, што претставува прва официјална посета на новиот шеф на државата. Претставници на националистичката Српска Прогресивна Партија велат дека Николиќ во Москва ќе се сретне со неговиот колега Владимир Путин и ќе присуствува на конгресот на владеачката Обединета Русија во сабота. Поранешниот српски ултранационалист се залага за членство на неговата земја во Европската унија како и одржување на традиционално блиските односи на Србија со Русија.
XS
SM
MD
LG