Достапни линкови

Протест на научниците во Украина


Приближно 1,000 научници од Украинската национална академија на науките протестираат пред владината зграда во Киев, барајки поголема финансиска подршка за нивната работа. Демонстрантите носат знаци на кои пишува „Кога научниците се гладни државата пропаѓа“, „Научниците се питачи“ и „Со штедење од науката се храни туѓата економија“. Неколку улици во главниот град се блокирани а сообраќајот се одвива забавено. Многумина научници поради ниските плати ја напуштаат земјата.
XS
SM
MD
LG