Достапни линкови

Грција да остане во Еврозоната, порачаа европските лидери


Лидерите на Европската унија се согласија дека сакаат Грција да остане во Еврозоната, но ги повторија предупредувањата дека задолжената земја ќе мора да ги спроведе ветените реформи. Лидери од 27-те земји членки на Унијата на самитот во Брисел, кој заврши денеска дискутираа за мерките за штедење и поттикнување на економскиот раст кој ќе ги придвижи европските земји да излезат од криза. Дискусиите сепак се фокусираа на стравувањето дека Грција може да биде принудена да ја напушти Еврозоната доколку не ги исполни обврските. Медиумите јавуваат дека другите 16 земји на монетарната унија се подготвуваат за таквото сценарио. Еврото денеска бележи рекорден пад во вредноста во изминативе 22 месеци.
XS
SM
MD
LG