Достапни линкови

Дневен печат - Самитот на НАТО и интервјуто на Груевски за МИА


Самитот на НАТО во Чикаго.

Самитот на НАТО во Чикаго.

Самитот на НАТО во Чикаго и бурните реакции по интервјуто на премиерот Груевски за државната МИА - главни теми во дневните весници.

Печатените медиуми, се разбира, во четврток го празнуваат Свети Кирил и Методиј, па не излегуваат, а во изданијата во изминатите неколку работни денови доминира НАТО и Самитот и повторувањето на приказната за Македонија.

Груевски и' сврти грб на реалноста - со досега невидена жестока реторика Груевски го нападна најсилниот воен сојуз за непринципиелност.
„Пролетен мраз во Чикаго“ - ја коментира Дневник повторената одлука на Алијансата за земјава, а Вечер забележува: „Едно ’охи‘ вреди повеќе од сите јес, ја, си,уи, евет....“
Премиерот Никола Груевски.

Премиерот Никола Груевски.


Утрински наоѓа дека Македонија во Чикаго не доби ни покана ни ново охрабрување, туку уште некои услови и дека: „Иванов се врати со празни раце од Чикаго - Хашката пресуда, на која шефот на државата ги фрлаше сите карти во месеците пред Самитот, не и' помогна на Македонија во Чикаго“.
До петок ќе се знае каде заврши контаминираното жито увезено од Бугарија - дали во бурек и кифлички или во трици за добиточна храна.

Нова Македонија заострено констатира и прашува: „НАТО застана зад Грција, бара да го смениме името?“ Во исто време, весникот, повикувајќи се на свои извори објавува дека постои можност, доколку државниот врв и правниот тим пронајдат аргумент, да го известат судот во Хаг дека Грција со настапот во Чикаго не го почитувала барањето на Судот да не го повтори однесувањето од Букурешт.

​Интервјуто на премиерот Груевски за државната МИА предизвика бурни реакции кај парламентарната опозиција: Со отворено писмо до Груевски изрази длабока загриженост и несогласување со неговите ставови во интервјуто - информира само Утрински, кој исто така насловува дека „Груевски и' сврти грб на реалноста - со досега невидена жестока реторика Груевски го нападна најсилниот воен сојуз за непринципиелност“.

Дневниот Фокус во наслов ја вади реченицата на Груевски дека му се „смачува кога ќе слушне за НАТО“.

Исто така само Утрински информира дека опозицијата бара Груевски на седница на Собранието да ги каже натамошните планови за Македонија по неуспехот во Чикаго.

Од другите теми во печатените медиуми, Вечер оптимистички, како и секогаш, насловува: „И во најлошите сценарија македонскиот банкарскиот систем останува стабилен“ поради случувањата со грчката економија, како поента од состанокот на владиниот Комитет за финасиска стабилност на последната седница.

Исто така Вечер информира дека во Собранието не бил усвоен предлог-законот од опозицијата за уставни промени со кои би немало застарување на кривичното гонење за кривични дела поврзани со приватизацијата на претпријатијата со општествен и државен капитал.

И за крај, вест која вознемирува, а ја објави Дневник: До петок ќе се знае каде заврши контаминираното жито увезено од Бугарија - дали во бурек и кифлички или во трици за добиточна храна.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG