Достапни линкови

Евросонг и протести на опозицијата во Баку


Баку, 24.05.2012

Баку, 24.05.2012

Полицијата во главниот град на Азербејџан, Баку се судрила денеска со опозиционите демонстранти кои протестираа за поголеми медиумски слободи и против авторитарната власт. Десетици демонстранти биле уапсени, а некои од опозиционите лидери биле приведени уште изутрината со цел да не излезат на демонстрациите. Опозицијата во Азербејџан неделава организира серија протести во Баку, каде што е во тек музичката манифестација Евровизија, со цел да го привлече меѓународното внимание за кршењето на човековите права во таа земја.
XS
SM
MD
LG