Достапни линкови

Сиријската армија, но и бунтовниците вршат насилства и тортури


Истражителите на Обединетите Нации соопштија дека сиријските безбедносни сили и опозиционите бунтовници продолжуваат со насилствата и кршењето на човековите права и покрај прогласеното примирје пред 6 недели. Независната комисија за Сирија, формирана од Советот за човекови права на Обединетите Нации, објави денеска дека сиријската армија е одговорна за најголемиот број насилства, вклучувајки и бомбардирања и егзекуции, како и тортури врз деца во акциите против бунтовниците. Од друга страна и вооружените бунтовници вршеле тортура и егзекутирале уапсени војници и про-владини подржувачи. Имало и случаи на киднапирани цивили со цел да се врши размена на затвореници.
XS
SM
MD
LG