Достапни линкови

Блажевски - Се уште сум витален, активен и жив режисер


Режисерот Владимир Блажевски.

Режисерот Владимир Блажевски.

Се сметам се уште за витален, активен и жив режисер – истакнува режисерот и сценаристот Владимир Блажевски, кому во Струмица, на отворањето на интернационалниот фестивал за краток филм „Астерфест“, ќе му биде доделена награда за високи достигнувања во авторскиот филм.

Малку сум збунет од ова признание кое според некоја востановена практика порано се доделуваше за животно дело или на они кои се при крајот на својата кариера. Јас лично за себе сум оптимист и се надевам дека кај мене тоа не е случај, дека ќе работам и ќе правам филмови и во иднина – вели режисерот и сценарист Владимир Блажевски, во пресрет на осмото издание на интернационалниот фестивал на краток филм „Астерфест“, што од 25 до 29 мај ќе се одржи во Струмица, и на кое тој, заедно со српскиот актер Славко Штимац, е добитник на наградата за високи достигнувања во авторскиот филм – АСТЕР.
Тоа е едно признание што е малку неконвенционално, не спаѓа во тие таквите за животно дело награди што се даваат за пензионери, туку е едно внимание од страна на колегите на мене како активен и жив автори и во таа смисла многу ми импонира и многу ми е драго што ја добив.

„Тоа е едно признание што е малку неконвенционално, не спаѓа во тие таквите за животно дело награди што се даваат за пензионери, туку е едно внимание од страна на колегите на мене како активен и жив автори и во таа смисла многу ми импонира и многу ми е драго што ја добив.“

Тој за успехот на својот филм „Панкот не е мртов“, за учеството на над 30-на фестивали на кои освои дури 11 значајни награди, истакнува дека е нешто што, како и секој автор, се надевал дека ќе му се случи оти во спротивно и не би тргнал тоа да го прави.
Режисерот Владимир Блажевски, добитник на Кристален глобус на Филмскиот фестивал во Карлови Вари за филмот Панкот не е мртов.

Режисерот Владимир Блажевски, добитник на Кристален глобус на Филмскиот фестивал во Карлови Вари за филмот Панкот не е мртов.


„Таа да речам, да звучам и малку нескормно, убава судбина на филмот до сега на сцена и која филмот ја доживеа, за целата екипа е потврда дека тоа што сме го вложиле енергијата, трудот, знаењето има допирна точка со вкусот и на публиката и на фестивалските критериуми, така да се уште имаме и повици и договори за разни фестивали, така што до откомври, ноември годинава сме покриени.“

Инаку, од пред две недели, Владимир Блажевски работи врз развивањето на приказната за своето ново авторско остварување, следбеникот на „Панкот не е мртов“, „Булевар на револуцијата“, „Бог да ги бие шпионите“ и други. За него вели дека би бил современ македонски филм кој би се случувал во денешно време, во нашиве дадени услови.

„Ми требаше мал бајпас за да го заборавам претходниот филм и да влезам во една нова фикција која допрва се токми и која сега ми е во глава. Би бил современ македонски филм, така некако ми изгледаше некако најприродно и најлогично да се нафатам со такво нешто, нема да има тематски сличности со „Панкот“, можеби само малку сличен жанровски.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG