Достапни линкови

logo-print

Лимонтусот како индикатор за бројот на корисници на хероин


Илустрација.

Илустрација.

Зголемена продажбата на лимонтус во Битола. Конзервансот, меѓу другото, го користат и интравенозните корисници на хероин за разблажување на дрогата.

Лимонтусот во Битола се троши како алва во време кога зимниците не се актуелни, тврдат сопствениците на повеќето битолски супермаркети. Ако до пред неколку месеци се трошеле по неколку стотини пакувања, сега бројот на продадени лимонтуси достигнува и до неколку илјади во месецот. Се претпоставува дека зачестено го купуваат наркозависници и го користат за разблажување на дрогата при интравенско инјектирање.
Едно пакување чини три до четири денари. Зголемена е потрошувачката како никогаш досега. Се случува оваа пролет да продадеме и по педесетина пакувања лимонтус дневно, што е навистина многу и претходно не се случувало во овие размери.

„Едно пакување чини три до четири денари. Зголемена е потрошувачката како никогаш досега. Се случува оваа пролет да продадеме и по педесетина пакувања лимонтус дневно, што е навистина многу и претходно не се случувало во овие размери“, вели Марјан Симоновски, сопственик на супермаркет од Битола.

Аптекарите објаснуваат дека лимонтусот обично се додава во храната како адитив односно конзерванс, а зависниците го користат за во случај ако употребуваат опојни дроги, пред се хероин.
Оние кои ја користат дрогата го употребуваат при самото подготвување на дрогата, со цел да ја разблажат, зголемат количината и да можат повторно да ја користат.

„Дилерите го употребуваат со цел да го зголемат количеството на дрога и да остварат поголем профит. Додека оние кои ја користат дрогата го употребуваат при самото подготвување на дрогата, со цел да ја разблажат, зголемат количината и да можат повторно да ја користат“, вели аптекарката Анета Геровска.

Во битолската полиција веќе одамна имаат информации за разблажување на дрогата со лимонтус, но во моментот не можат да потврдат дали зголемената продажба на овој адитив значи и зголемен број на наркозависници во Битола. Ни од Метадонскиот центар не откриваат дали расте бројот на уживатели на дрога во градот.

„Се рабзоти за професионална тајна, ние не смееме од тука да изнесуваме бројки согласно нашата лекарска етика. Оваа бројка што е на лекување кај нас не е правата бројка на наркозависници. Не би кометирал дали бројот бележи пораст“, вели началникот Љупчо Алексовски.

Освен лимотусот за мешање на догата се користат течни бензодијазепини, метадон, гипс, боја, кна, кои можат да бидат смртоносни.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG