Достапни линкови

Турција во ЕУ - Грција надвор од еврозоната?


Оживеаа турските надежи за влез во ЕУ, пишува Вол стрит журнал. Во Брисел, пак, na самитот на ЕУ не е постигната согласност дали да се продолжи со мерките за штедење или да се стимулира растот за да се избегне должничка криза. На една страна се францускиот претседател Франсоа Оланд и италијанскиот премиер Марио Монти кои повикаа развојот да биде врвен приоритет за ЕУ, а на друга германската канцеларка Ангела Меркел која смета дека треба да се продолжи со намалувањата на трошоците и со другите мерки на штедење да се зауздаат долговите. Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј, пак, изјави дека лидерите на ЕУ сакаат Грција да остане во евро-зоната, но оти Грција мора да ги спроведе реформите на кои се обврза.

Додека соседот и долгогодишниот ривал Грција може да стане првата земја која ќе биде присилена да ја напушти еврозоната, Турција се надева дека ќе заживее нејзиниот обид да и се приклучи на Европската унија. Ова се наведува во текстот објавен во весникот Вол стрит журнал.
Сите се надеваме дека доаѓањето на власт на господин Франсоа Оланд претставува нов курс во односите меѓу Турција и Европската унија.

Анкара во изминативе денови сигнализира дека заминувањето на францускиот претседател Никола Саркози, водечкиот критичар на турските напори за прием во Европската унија, би можело повторно да ја поттикне кандидатура на една од најбрзо растечките економии во светот. Шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон и турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу.

Шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон и турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу.



Деновиве, Турција и Европската унија почнаа разговори со цел да се врати турскиот обид за членство на дневен ред во Брисел. Исто така турската влада достави до парламентот неколку нацрт закони, вклучувајќи ги и оние што се однесуваат на подобрувањето на човековите права во земјата. На овој чекор се гледа како на поставување основа за забрзување на напорите.
Тоа е само за домашна употреба, да покажат дека и покрај тоа што во Турција не е се перфектно, сепак е подобро отколку во Грција. Тоа е ефикасна стратегија. Но, краткорочно Европската унија е целосно преокупирана со сопствената криза и нема начин да го смени курсот во врска со членството на Турција.

„Сите се надеваме дека доаѓањето на власт на господин Франсоа Оланд претставува нов курс во односите меѓу Турција и Европската унија“, изјави деновиве шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу.

Турските забрзани чекори кон Унијата во исто време кога Грција е во политичка парализа, говори за тоа како судбините на двете соседни земји се промениле во изминативе неколку години. Ова има дополнително значење ако се има предвид вековната злоба меѓу двете страни, особено околу контролата на Кипар. Турската економија која долго време беше погодена од кризи и меѓународни пакети за спасување, доживува вистински бум: само лани порасна за 8,5 насто. Анкара исто така почна да ги шири своите дипломатски мускули во регионот.

Во Грција, каде што граѓаните долго време уживаа во високиот животен стандард, економскиот пад водеше до неколку спасувачки пакети и насилни улични протести. Во март, заменик премиерот Али Бабачан изјави дека единствен пат на Грција да избега од проблемите е драматично да ги интензивира трговските врски со Турција. Некои грчки политичари дури сметаат дека Атина би требало да се угледа на моделот што го користи нејзиниот сосед. Тоа во минатата година го стори и тогашниот грчки премиер Јоргос Папандреу, изјавувајќи во парламентот:

„Зошто не можеме да го правиме она што веќе го направија Турците?“

Лани Турција увезе стоки од Грција во вредност од 2,5 милијарди долари, два пати повеќе од 2009 година. Турските компании сега покажуваат интерес за купување фирми во Грција откако владата најави дека ќе ги приватизира државните компании. Турските политичари пак, се повеќе прават споредба на ситуациите во двете земји.

„Тоа е само за домашна употреба, да покажат дека и покрај тоа што во Турција не е се перфектно, сепак е подобро отколку во Грција. Тоа е ефикасна стратегија“, вели Атила Јесилада, аналитичар од Истанбул, додавајќи:

„Но, краткорочно Европската унија е целосно преокупирана со сопствената криза и нема начин да го смени курсот во врска со членството на Турција.“
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG