Достапни линкови

logo-print

Самит на ЕУ - штедење или поттикнување на растот


Грчкиот премиер Панајотис Пикраменос и претседателот на ЕК Жозе Мануел Баросо на Самитот на ЕУ во Брисел.

Грчкиот премиер Панајотис Пикраменос и претседателот на ЕК Жозе Мануел Баросо на Самитот на ЕУ во Брисел.

Лидерите на земјите членки на Европската унија во Брисел започнаа со дводневниот самит на кој се разговара за тоа дали да се продолжи со мерките за штедење или да се насочат кон стимулирањето на растот како најдобар начин да се избегне тековната должничка криза.

Францускиот претседател Франсоа Оланд и италијанскиот премиер Марио Монти повикаа развојот да биде врвен приоритет за ЕУ. Во меѓувреме германската канцеларка Ангела Меркел останува на ставот дека треба да се продолжи со намалувањата на трошоците и со другите мерки на штедење да се зауздаат долговите.

Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј рече дека лидерите на ЕУ сакаат Грција да остане во евро-зоната, но оти Грција мора да ги спроведе реформите на кои се обврза.

Во пресрет на Самитот, еврото забележа пад на светските берзи.
XS
SM
MD
LG