Достапни линкови

Продолжуваат разговорите за иранската нуклеарна програма


Разговорите за иранската нуклеарна програма во Багдад.

Разговорите за иранската нуклеарна програма во Багдад.

Разговорите за иранската нуклеарна програма продолжуваат и денеска. Шесте светски сили и Иран вчера започнаа нова рунда разговори на кои размениле детални предлози за тоа како да се намали кризата околу иранската нуклеарна програма. Предлогот на светските сили предвидува детални чекори кои Техеран ќе треба да ги преземе за да ги увери светските сили дека нуклеарната програма им е за мирољубиви цели. Иранските медиуми остро го критикуваа предлгот на светските сили нарекувајќи го неурамнотежен. Западните сили го обвинуват Иран дека тајно се обидува да развие нуклеарно оружје, но Иран го негира тоа велејќи дека нивната нуклеарна програма е за мирољубиви цели. На преговорите во Багдад учествуваат Велика Британија, Кина, Франција, Германија, Русија и САД од една страна и Иран од другата.
XS
SM
MD
LG