Достапни линкови

Клинтон - Пентагон хакираше сајт на Ал Каеда


Американската државна секретарка Хилари Клинтон.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека американски компјутерски експерти од Пентагон хакирале интернет страна на Ал Каеда во Јемен. Американските експерти влегле во страницата на која Ал Каеда се фалела со убиства на Американци и ги замениле тие текстови со информации за бројот на Јеменци убиени од Ал Каеда. Клинтон соопшти дека акциите на сајбер-тимот на Пентагон се дел од мултифронталниот напад врз тероризмот.
XS
SM
MD
LG